Пријателскиот натпревар меѓу САД и Нов Зеланд одигран сношти во Лос Анџелес влезе во историјата на светскиот фудбал, откако гостинската репрезентативка Маикајла Мур за половина час дури три пати ја затресе сопствената мрежа.

На турнирот SheBelieves, кој во рамки на подготовките за женското Светско фудбалско првенство се одржува во повеќе американски градови, Мур првиот автогол го постигна во 5. минута, само три минути подоцна повторно ја совлада својата голманка, а во 36 минута им донесе водство на Американките од 3-0 со својот трет автогол.

Несреќната Мур со солзи беше повлечена од теренот пред крајот на првото полувреме, а САД на крајот триумфираа со 5-0.