Фудбалскиот клуб „Каменица Саса” бара преиспитување на одлуката за доделување вредбосните ваучери кои неодамна беа доделени во насока на поддршка на спортските клубови од државата.

Според стручниот штаб на клубот, ваучерот кој Агенцијата за млади и спорт го додели на ФК „Каменица Саса” е безмалку двапати помал од ланскиот, заради што упатија барање одлуката да биде преиначена.

-ФК „Каменица Саса” е еден од најдобро организираните клубови во Втора Лига, клуб кој е продолжение на брендот ФК Саса и клуб кој во 2018 година прослави 50 години постоење. ФК ,,Каменица Саса” е стабилен второлигаш и клуб кој вложува во младинските категории. Искрено се надеваме на брзо преиспитување на одлуката за доделување на ваучер на ФК Каменица Саса од 950.000 денари и упатуваме апел за итно корегирање на истата, се вели во соопштението од клубот. Минатата година екипата на ФК „Каменица Саса”, како што додадоа од клубот, доби 1,5 милиони денари за ваучер, во ситуација во која бодувањето е исто и во ситуација кога како што посочија клубот на рекордно ниво го зголемил бројот на свои членови и воведе уште две нови младински категории. Моментално клубот од Македонска Каменица се натпреварува во Втората фудбалска лига – Исток во чии рамки денес во Првото коло од пролетниот дел од шампионатот славеше над екипата на Кожув со 1:0