ФК Тетекс одбележа 69 години од постоењето, со пригодна церемонија, пред почетокот на првиот натпревар од пролетната полусезона со екипата на Кораб од Дебар. Раководството и оваа година додели повеќе благодарници за поединци, фирми, институции и навивачката група „Војводи“ за нивниот придонес во развој на клубот.

Посебно признание и благодарност беше оддадена на генерација од 70-тите години предводена од Саре Вучески, Стеве Заковски и повеќемина други.

-Секоја година ќе одбележуваме годишнина од основањето на клубот. Сакаме тоа да биде една традиција, бидејќи ние го славиме животот, ние секоја година ќе славиме заради тоа што постоиме, заради тоа што нашата гордост ФК Тетекс постои, се натпреварува. Ќе бидеме пркос и ќе постоиме и секоја година ќе го славиме нашиот роденден за сите да слушнат дека сме тука дека не има и дека ФК Тетекс ќе продолжи да функционира. Нема свој дом, безмалку бездомник, имаме наш стадион кој е узурпиран. Ние приморани да играме секаде само не во нашиот дом. Но ќе продолжиме да прокосиме, Тетекс ќе биде вечен, истакна Павле Симовски во име на клубот на церемонијата.

ФК Тетекс е формиран на 18 февруари 1953 година тогаш под името ФК Текстилец.