Претставници на САД и Саудиска Арабија одржаа консултации за стабилизирање на пазарот на горивата во случај на можно влошување на ситуацијата околу Украина, изјави портпаролката на Советот за национална безбедност на Белата куќа Емили Хорн.

Координаторот на Советот за безбедност на Белата куќа за Блискиот Исток и Северна Африка Брет Мекгурк и високиот советник на американскиот Стејт департмент за енергетска безбедност Амос Хукштајн во Саудиска Арабија „разговарале за заеднички пристап за одговор на потенцијален притисок на пазарот во случај на евентуална руска инвазија на Украина“.