Машките репрезентации на Шведска и Велика Британија обезбедија денеска пласман во финалето во карлинг на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг.

Шведска, која на последните ЗОИ 2018 во Пјонгчанг беше сребрена, пласманот во финалето го обезбеди со победа над Канада од 5-3, додека Велика Британија го совлада бранителот на титулата САД со 8-4.

Во петок за бронзениот медал (07:05 часот по средноевропско време) ќе играат Канада и САД, додека шведско – британското финале е во истиот термин в сабота.