Тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман е незадоволен од политиката на клубот. Триесет и четиригодишниот фудбалски стручњак почнува да се нервира поради трансфер политиката на Минхен и недостигот на засилувања.

Нагелсман не е толку незадоволен од работата на клубот како што беше Ханси Флик на крајот од својата мисија во Баерн, но неговата фрустрација расте, пишува новинарот на „Sport Bild“, Кристијан Фалк.

Во зимскиот преоден рок, Баерн не потпиша ниту едно засилување. Минатото лето, баварскиот великан ги ангажира дефанзивецот Дајо Упамекано и играчот од средниот ред Марсел Сабицер.