Украинскиот претседател Володимир Зеленски во телевизиско обраќање утринава, рече дека Украинците се „обединети во една желба – да живеат во мир“.
„Имаме целосно право на тоа, бидејќи сме дома, ние сме во Украина. И никој нема да го сака нашиот дом како што го сакаме ние. И само заедно можеме да го заштитиме нашиот дом. Среќен ден на собирот“ - рече тој.