Тренерот на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник, ја отфрли можноста на Хари Мегваер да му ја одземе капитенската лента и покрај критиките кон дефанзивецот.
– Според мене, Хари, враќајќи се на терените по повредата, изгледаше многу добро. Тој одигра многу добар натпревар против Вест Хем. Точно дека во последните два меча имаше неколку неубедливи епизоди – против Саутемптон и Барнли. Сепак, Хари останува наш капитен и не гледам причина нешто да менувам, изјави Рангник.
По 24 натпревари, тимот од „Олд Трафорд“ има 40 бодови и се наоѓа на 5. место