Лидерот Шкупи ја зголеми предноста пред конкурентите во шампионската трка, откако попладнево на домашен терен ја совлада второпласираната Академија Пандев со 2-1, додека актуелниот шампион Шкендија триумфираше во Тетово над Струга со 3-1.
Академија Пандев поведе водербито на стадионот во Чаир преку Димовски во седмата минута, а до крајот на полувремето Шкупи го израмни резултатот преку Адетунџи во 28 минута.
Победата на домаќините во воведното коло од пролетниот дел на сезоната им ја обезбеди нигерискиот напаѓач со својот втор гол на дуелот во 77 минута, набрзо откако Шкупи остана со играч помалку на теренот поради исклучувањето на Сенгхор.
ПМФЛ-19 коло:
Скопје – Борец 1-1, Македонија ЃП – Тиквеш 1-0, Пелистер – Работнички 0-2, Шкендија – Струга 3-1, Шкупи – Академија Пандев 2-1, Брегалница – Ренова 1-2 (одиграно вчера).
Табела: Шкупи 45, Шкендија 37, Академија Пандев 35, Ренова 30, Македонија ЃП 30, Брегалница 29, Струга 26, Работнички 25, Скопје 21, Тиквеш 15, Борец 13, Пелистер 5.