Американските тениски дивови Рејли Опелка (211 сантиметри) и Џон Иснер (208 см), поставија нов рекорд одигрувајќи го најдолгиот тај – брејк во историјата, во кој Опелка дури во 46. поен го совлада својот сонародник со 7-6 (7), 7-6 (22) и обезбеди финале на турнирот во Далас.

Досегашниот рекорд според бројот на одиграни поени во тај – брејк изнесуваше 38 поени, а беше израмнуван дури седум пати.

Опелка за победата отсервира 39 асови, 18 повеќе од 36-годишниот ветеран Иснер, а ја искористи својата осма меч топка.

Негов противник во финалето ќе биде уште американски тенисер, Џенсон Бруксби.