Американецот Нејтан Чен го освои златниот медал во уметничко лизгање на Олимпијадата во Пекинг. Тој за своите перформанси доби вкупно 332,6 бодови и зад себе остави тројца натпреварувачи од Јапонија.

Сребрениот медал му припадна на Јума Кагијама со резултат 310,05, додека третото место и бронзениот медал се за Шома Уно со освоени 293 бодови.

Чен на САД им го донесе третиот златен медал на Игрите во Пекинг. Во поредокот на медалистите лидер е Германија со пет златни медал, пред Австрија, Норвешка и Шведска со по четири злата.