Свеченоста по повод отворањето на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг почна денеска во 20 часот по локално време (13 часот по средноевропско) на националниот стадион „Птичје гнездо“.
Цереминијата почна со уметничка точка со која беше претставено доаѓањето на пролетта во Кина и голем огномет над стадионот со транспарент со натпис „Пролет“.
На церемонијата, меѓу другите, присуствуваат кинескиот претседател Си Џипинг, неговиот руски колега Владимир Путин и претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах.
На ЗОИ ќе настапат 2.900 олимпијци во седум спортови и 15 дисциплини.
Тричлениот македонски тим го сочинуваат Ана Цветковска, Ставре Јада и Дардан Дехари.