Трикратниот олимписки првак во нордиска комбинација, Германецот, Ерик Френцел е позитивен на коронавирусот пред стартот на натпреварувачкиот дел на Зимските олимписки игри (ЗОИ2022) во Пекинг.

Заразен со вирусот е и неговиот клупски колега Терен Вебер, а откако позитивен резултат на тестирањето вчера доби и Норвежанецот Јарл Магнус Рибер, сега сите тројца главни кандидати за медалите во нордиска комбинација на Игрите во Пекинг се во изолација.

– Сите најдобри се надвор од патеката поради короната. Тоа можеби е и поради претходните натпреварувања во рамки на Светскиот куп. Состојбата е безизлезна. Требаше тие натпреварувања да се поместат додека не заврши Олимпијадата, изјави Рибер.