Фудбалерот од средниот ред Томас Милер откри дека Баерн сé уште не стапил во преговори со него за нов договор.
– Никој од клубот не ме контактираше. Да видиме што ќе се случи во иднина, изјави германскиот фудбалер во интервју за „Билд“.
Актуелниот договор на Милер со клубот од Минхен е до 2023 година. Претходно имаше информации за интерес за 32-годишниот играч од Евертон и Њукасл.
Милер оваа сезона на 20 натпревари во Бундеслигата постигна шест гола и 16 асистенции.