Фудбалските репрезентации на Канада, САД и Мексико направија исчекор кон пласман на Светското првенство 2022, откако забележаа синоќа победи во рамки на деветтото коло во КОНКАКАФ квалификациите.

Канада на гостински терен го совлада Хондурас со 2-0, САД на домашен терен беа поуспешни од Ел Салвадор со 1-0, додека Мексико како гостин ја порази Јамајка со 2-1.

Канада води на табелата со 19 бодови, еден повеќе од САД, додека Мексико е третопласиран со 17 бодови.

Трите првопласирани репрезентации ќе се квалификуваат на Мундијалот во Катар, додека четврто пласираната репрезентација ќе игра интерконтинентален плеј-оф.

Табела:

1.Канада 9 5 4 0 15-5 +10 19 2.САД 9 5 3 1 13-5 +8 18 3.Мексико 9 5 2 2 13-8 +5 17 4.Панама 9 4 2 3 11-10 +1 14 5.Костарика 9 3 3 3 7-7 0 12 6.Јамајка 9 1 4 4 7-12 −5 7 7.Ел Салвадор 9 1 3 5 4-11 −7 6 8.Хондурас 9 0 3 6 5-17 −12 3.