Репрезентацијата на Иран се пласираше на Светското фудбалско првенство што кон крајот на годинава ќе се игра во Катар.
Во 7. коло на 3. квалификациски турнир во Азија, Иранците денес во Техеран ја совладаа селекцијата на Ирак со 1:0.
Така Иранците по 7 кола се водечки во својата група со 19 бодови. Тимот обезбеди учество на Мундијалот на три кола пред крајот на групната фаза на селекцијата. Втора е селекцијата на Јужна Кореја со 17 бодови, на третото место се Обединетите Арапски Емирати со 9 бодови.
Иран по шести пат во историјата и трет пат во низа се пласира на Светското првенство.