Есенскиот шампион во Првата македонска фудбалска лига, Шкупи, ќе биде посилен во продолжението на првенството за услугите на младиот напаѓач Омар Имери, кој се враќа во скопскиот прволигаш на шестмесечна позајмица од редовите на турски Бодрумспор.
– Среќен сум што се враќам во скопскиот клуб, еден од клубовите со најголема традиција во земјава. Му благодарам на клубот за укажаната можност, бидејќи веќе сум во тим кој има исклучително талентирани играчи и многу квалитет, па од моја страна ќе дадам максимум за да ги оствариме нашите цели до крајот на сезоната, изјави 22-годишниот Имери.
Тој претходно за Шкупи одигра 72 натпревари на кои постигна 16 голови, додавајќи и седум асистенции.