Раководството на Ватфорд вечерва му врачи отказ на италијанскиот стратег Клаудио Раниери по само 112 денови минати на клупата на англискиот прволигаш.

Раниери (70) доби отказ по неделниот првенствен пораз од Норич (0-3) по што Ватфорд се спушти на 10. место на табелата со 14 бодови, само два повеќе од „фенерџијата“ Барнли.

Ватфорд сега е во потрага по трет тренер оваа сезона, која ја почна со Шпанецот Циско Муњоз, кој доби отказ на почетокот на октомври.

Неговиот наследник Раниери го предводеше Ватфорд на 14 натпревари и забележа само две победи, едно реми и дури 11 порази.