Тренерот на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник е подготвен да продаде тројца играчи во зимскиот преоден рок.

Според „Дејли мирор“, напаѓачите Ентони Марсијал и Единсон Кавани, како и играчот од средниот ред Пол Погба, не се вклопуваат во проектот на германскиот фудбалски стручњак.

Дваесет и осумгодишниот Погба оваа сезона одигра девет натпревари во Премиер лигата за Манчестер јунајтед и имаше седум асистенции.

Марсијал(26) во првенството на Англија одигра седум натпревари и постигна еден гол.

Триесет и четиригодишниот Кавани одигра девет натпревари за Манчестер јунајтед и постигна два гола.