Олимпискиот Комитет денеска за прв пат ќе ја одржи манифестацијата „Златна Олимпија“ која има за цел да ги прослави спортските успеси и достигнувања на жените и девојките во спортот и да ја афирмира заложбата и пораката за поддршка на родовата еднаквост во спортот.
Како што информираат од Комитетот, настанот кој се воспоставува од оваа година, а ќе биде традиционален, има цел да ги потврди спортските достигнувања на жените спортисти и да даде стимул за поголеми спортски достигнувања во иднина.
На настанот ќе се доделат награди во десет категории на нашите најуспешни спортистки.
Манифестацијата е од затворен тип и ќе може да се проследи на телевизија Канал 5, на 26 декември 2021, со почеток од 17 часот.