Без вода утре ќе бидат корисниците на дел од улиците „Дебарца“ и „Никола Тримпаре“ во Општина Центар.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, причината за прекинот е промена на вентил во шахта ф-6/4 на улицата „Дебарца“ 1.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот, па до завршување со санација на дефектот.