Колку законот за младинско учество и младински политики е во фокусот на новите градоначалници на општините на територија на град Скопје беше темата на денешната јавна дискусија на која учествуваа градоначалникот, Тимчо Муцунски, Бобан Стефковски, претставник од општината Кисела Вода, млади и претставници на невладини.
Во однос на законот градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски во своето излагање истакна дека имплементацијата на законот веќе е започната.
-Иземенет е статутот на општина Аеродром каде во рамките на статутот на општината се имплементирани измените на законот, назначен е младински службеник, потоа следи објавување јавен повик за формирање иницијативен одбор за конституирање на локално собрание на млади откако тој ќе се конституира, ќе се изберат членовите и потоа се оформува канцеларија на млади, ние сме тргнати во фаза на соодветно имплементирање на законот, изјави Муцунски.
Според него не се потребни дијалозите, туку создавање на нешто опипливо. Тој истакна дека од особено значење е да се инвестира во структурата и инфраструктурата.
-Ние треба да создадеме соодветна инфраструктура каде што младие ќе можат да функционираат согласно нивните потреби, општината Аеродром брои доста млади жители со доста голем претприемачки дух каде што немаа еден хаб каде што ќе можат да развиваат бизнис идеи, да добиваат институционална и финансиска поддршка за развој на тие идеи, оцени тој.
Забележа дека во однос на развојот на младите општината Аеродром и покрај тоа што е голема општина нема кино, нема театар, нема простор за изложби, нема едно природно место каде што младите ќе се собираат и ќе се дружат во една продуктивна средина.
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, од друга страна, информира дека општината е една од првите која влегува во постапка на формирање на локален младински совет.
-Можам да кажам дека дел од обврските кои произлегуваат од овој закон се веќе започнати, дел од нив и имплементирани, определена е канцеларија за млади, а веднаш по моето доаѓање во општината определен е службеник и негов заменик кои ќе бидат задолжени за младинските општини, она што е преостанато е да се направи усогласување на законот со статутот на општината. Дадов насока до стручните желби и верувам дека ова прашање наскоро ќе биде решенио по усогласување на статутот ќе пристапиме кон нов оглас и мислам дека во првата половина на 2022 година конечно ќе можеме да го формираме новиот состав на локалниот младински совет, потенцира Стефковски.
Законот предвидува формирање на младински центри во сите општини во период од 5 години од донесувањето. Речиси две години од тој рок веќе е изминат, каде што секоја општина има обврска согласно одредени стандарди да креира локален младински центар како место кое младите ќе го користат за личен развој.