Прифатилиштето на ЈП ЛАЈКА - Скопје во соработка со активистите и Здруженијата за заштита на животни - Скопје, ги поканува сите граѓани, љубители на кучиња, пријатели и соработници на ЈП ЛАЈКА на ДОНАТОРСКА ЗАБАВА оваа сабота во Цреша Бар. Настанот ќе се оддржи од 14:00 до 17:00 часот.

Целта на овој отворен настан е да се обезбедат донации за подобрување на условите за бездомните кучиња згрижени во прифатилиштето на Лајка. Потребни се: ќебиња, тањирчиња, околувратници, поводници, играчки, креветчиња, шампони, прашаци за перење,универзални средства за чистење, кофи, лопатчиња, четки за чистење...