Хуманиот третман на уличните и напуштените кучиња, намалување на популацијата на бездомни кучиња, вдомување и градење култура за вдомување, се главните теми на кои разговараа на денешната средба градоначалникот на Кисела Вода Ѓорѓиевски и директорот на ЈП Лајка, Воислав Димитровски.

Од општината информираа дека директорот на ЈП Лајка, Димитровски информираше дека само во изминатата година од територијата на општина Кисела Вода се направени 148 налози за заловување на кучиња и оти тој интензивно работи на надминување на овој проблем.

-Ќе се оствари соработка со скопските здруженија за заштита на животните, со општините, со Град Скопје, како и со сите други релевантни институции и добронамерни граѓани, со цел кучињата да се заловат, потоа да се третираат и стерилизираат и на крај да се вдомат во семејство каде ќе бидат сакани. За почеток, во овој прв период се работи на вдомување на кучињата коишто се заостанати во прифатилиштето, со цел да се отвори капацитетот на прифатилиштето за што поголем број на кучиња скитници, потенцира Димитровски.

Воедно на средбата директорот на „Лајка“ до донесе кучето Лиска кое од денеска е згрижено од страна на градоначалникот.

Со цел собирање донации во вид на ќебиња, чинивчиња, околувратници, поводници, играчки, креветчиња,прашаци за перење и универзални средства за чистење за помош и заштита на бездомните кучиња од прифатилиштето на Лајка во сабота во 14 часот ќе биде одржана дружба.с