Во рамки на проектот „Редовно чистење и одржување на каналската мрежа и речните корита”, Општина Илинден во координација со Водостопанство „Скопско Поле” – Скопје интензивно работи на чистење на каналите и пробивање на нови, со цел проточност на каналската мрежа, како и заштита на имотите на граѓаните од поплави на куќите и имотите во сите населени места на територија на општината.

– Во таа насока, во тек е чистење на главен канал, Горна зона во централниот дел на н.м Марино и н. Илинден, каде исчистени се 3000 метри од предвидените 4000 метри. Исто така во тек е чистење на терцијален канал во н.м Мралино на потегот од гробиштата кон автопатот, каде исчистени се 500 метри од предвидените 1200 метри. По барање на граѓаните пробиен е канал во должина од 200 метри од улица „4” до вливот во Главен канал и 50 метри од улица „4” кон секундарниот канал Азмак, информираат од прес-службата на Општина Илинден.

Посочуваат дека согласно Акциониот план за чистење на каналската мрежа, на територија на Општина Илинден исчистени се 23 200 метри од предвидените 23 900 метри.