Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски на својата официјална страна на фејсбук напиша дека е реализирано уште едно ветување од неговата изборна програма. Во статусот, Стефковски пишува:

"Реализирано уште едно ветување. Од 01.01.2022 година секое семејство кое ќе има новороденче, ќе добие еднократна парична помош од 5000 денари. Ќе се доделуваат 5000 денари за секое ново родено дете."