Без водоснабдување денеска од 10 часот ќе останат жителите на дел од населбата Ќерамидница и објектите на БЕГ и ЈП „Комунална хигиена“.

Прекинот е поради водоводен приклучок на улицата „Беласица“ бб (комплекс „Ист Гејт“).

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат дека прекинот ќе трае до завршување на активностите на терен.