Градоначалникот на Град Скопје Данела Арсовска денеска изрази сочувство до семејствата на загинатите во трагичната автобуска несреќа во Бугарија.
-Македонија денеска е обвиена во црно. Тага и неверување за несреќата што се случи утрово во Бугарија. Нема зборови кои можат да го опишат чувството на болка и тага. Сочувство до семејствата на загинатите во трагичната автобуска несреќа, напиша Арсовска на својот фејсбук профил.