Без напојување со електрична енергија утре ќе останат делови од општините Сарај, Кисела Вода и Карпош.
Како што соопшти ЦУК по известување добиено од ЕВН Македонија АД, без струја во периодот од 11 до 14 часот ќе бидат корисниците од дел од с. Сарај, ул. 4, ул. 5 и ул. 6, во периодот од 9 до 11 часот, корисниците на дел од с. Љубин во општина Сарај, како и дел од корисниците од ресторан „Везилка“ на бул.„Борис Трајковски“ бр. 176, 184, 186, ресторан „Дениција“ на бул.„Борис Трајковски“ 15 бр. 1, 3, 5, 7 во општина Кисела Вода.
Во периодот од 9 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од ул. „Орце Николов“ бр. 130 и 132 и ул.„Донбас“ во општините Центар и Карпош, а во периодот од 09:15 до 15:15 часот, корисниците на дел ул. „Христо Татарчев“ бр. 14, 16 и 18 во општина Кисела Вода.