Прекин во водоснабдувањето денеска од 11:15 часот ќе имаат дел од корисниците лоцирани на улиците „Румена Хаџипанзова“, „Филип Клаиќ“, „Малешевска“ и „Коперникова“.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради изведување водоводен приклучок на „Румена Хаџипанзова“ 1/46.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување со активностите.