Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски денеска оствари средба со канадскиот амбасадор Џајлс Норман со кого разговараше за соработката со Канада како значаен партнер на државата.
– Остварив средба со канадскиот амбасадор во Република Македонија, Џајлс Норман. Амбасадорот Норман ми го пренесе канадското искуство во водењето на локалната самоуправа и општините со што добив важни препораки за успешно водење на општината. Канада е значаен партнер на нашата држава и затоа билатералните односи и понатаму активно ќе ги надградуваме, изјави Муцунски.
Ова е прва средба на Муцунски како градоначалник на Аеродром со канадскиот амбасадор.