Синдикатите најавија обединет масовен национален протест во цела Белгија на шести декември, се бараат драстични мерки за подобрување на куповната моќ на граѓаните, јави дописничката на МИА од Брисел.

Главна причина е огромниот пораст на цените на енергијата во цела Европа, која веќе се одразува врз сметките на граѓаните во Белгија.

Синдикатите ќе протестираат за да бараат од владата силни мерки за да се заштитат граѓаните од поскапувањата.

Друга причина за оваа демонстрација е одбивањето на владата да промени закон од 1996-та година кој го ограничува зголемувањето на платите над 0.4 отсто, додека дивидендите на акционерите остануваат недопрени од страна на властите.

За синдикатите овој закон е неприфатлив особено во контекст на економска а сега и енергетска криза.

Бизнис заедницата од своја страна смета дека ова е потребно за да остане Белгија конкурентна во Европа.

Протестот ќе ги почитува сите мерки на физичко дистанцирање и носење заштитна маска, се заложија синдикатите.