Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави оти официјален Вашингтон разгледува евентуален дипломатски бојкот на Зимските олимписки игри закажани за февруари идната година во Пекинг, во знак на протест поради кршење на човековите права во Кина

– Тоа е нешто за што размислуваме, им изјави Бајден на американските новинари.

Бојкотот би подразбирал на Игрите во Пекинг да бидат присутни само американските спортисти, но не и официјални лица.

Неколку членови на Републиканската партија во САД го повикаа Бајден земјата во целост да ги бојкотира Игрите во Пекинг, меѓутоа многу претставници на двата дома на Конгресот, меѓу кои и претседателот на Претставничкиот дом, членката на Демократската партија Ненси Палоси и републиканскиот сенатор Мит Ромни се залагаат за дипломатски бојкот.

Според весникот „Вашингтон пост“, одлуката за евентуален дипломатски бојкот на Зимската оплимпијада Белата куќа ќе ја соопшти до крајот на овој месец.