Градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски, денес оддржа прв состанок на Кризниот штаб на Општина Гази Баба. Тема на разговор на состанокот беше отпочнување на подготовки за зимско оддржување на територија на Општина Гази Баба.
За состанокот, градоначалникот Стефковски на својата официјална фејсбук страна напиша:
"Утрово, оддржав прв состанок со кризниот штаб на општина Гази Баба. На состанокот присуствуваа претставници на фирмите за зимско оддржување. Започнуваме со навремени подготовки за зимскиот период. Мора да има и ќе има навремено чистење и оддржување на улиците од снег. Кризниот штаб и фирмите за оддржување се подготвени за постапување на терен, информираше Стефковски