Кандидатот на ГРОМ за градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска најави реконструкција на сите спортски игралишта во општината. Терените кои се изградени со самопридонес ќе добијат нови рефлектори, ќе бидат обновени оградите и секаде ќе биде поставена вештачка трева.

- Сите спортски терени во општина Карпош што се изградени со самопридонес ќе бидат целосно реконструирани. Ќе бидат обновени оградите, ќе бидат заменети рефлекторите и секаде ќе биде поставена вештачка трева. Конкретно игралиштето во Нерези исто така ќе биде реконструирано.

Ќе биде изнивелирано по пропис, проширено, поставена вештачка трева, ќе ја поправиме оградата,рече Јакимовски. Најави дека во исто време и детското игралиште кое е во близина, ќе го обноват за да можат да го користат децата во овој дел од Нерези.


Администратор
27/10/2021 17:10