Повеќе од 600.000 домаќинства во североисточниот дел на САД денеска останаа без електрична енергија поради невреме, соопшти американската метеоролошка служба.

Брзината на ветрот достигнува 140 km/h. Најпогодена е сојузната држава Масачусетс, каде 466.000 домаќинства останаа без струја.

Властите ги повикаа жителите на погодените области да не патуваат освен ако тоа навистина е неопходно.


Администратор
27/10/2021 16:14