На Твитер се појави фотографија со резултатите од гласањето за победникот на Златната топка 2021 година. Победник според овие информации е напаѓачот на Баерн Роберт Левандовски.

Полскиот фудбалер има 627 гласа. Следува играчот на ПСЖ, Лионел Меси, а по него е Карим Бензема од Реал Мадрид (526).

Гласањето заврши на 24 октомври. Сепак, името на добитникот ќе стане познато дури на официјалната церемонија на Златната топка, која ќе се одржи на 29 ноември во Париз.

Во 2019 година Меси ја освои наградата, а во 2020 година церемонијата не беше одржана поради пандемијата.


Администратор
27/10/2021 16:08