Пожар ги зафати бараките каде е сместен Судот за прекршоци во Градскиот парк во Скопје. Во моментот на терен интервенираат четири протипожарни возила.

Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Владимир Симоновски изјави дека се работи за поголем пожар и оти на терен ќе бидат испратени дополнителни возила.

Пожарот е пријавен околу 16 часот.


Администратор
26/10/2021 16:25