Роберт де Ниро за спогодбата за разводот со Грејс Хајтауер, се чини, нема да мора да ѝ даде 500 милиони долари од својот имот на својата поранешна сопруга, јавија повеќе западни медиуми. Имено, Судот го одбил нејзиното барање.

Она што се знае, според наводите, е дека Де Ниро ќе мора да ѝ исплатува најмалку милион долари годишно како алиментација на неговата поранешна сопруга, сè додека таа не се премажи или додека, или таа, или 71-годишниот глумец, не почине. Тој, исто така, ќе мора да ѝ обезбеди и шест милиони долари за нов дом…

Двојката беше в брак 24 години пред почетокот на нивниот бурен развод во 2018 година. Според неименувани блиски извори, таа имала удел во раководењето на неговиот имот и финансии, што ѝ дава можности да му поставува „невозможни услови“.

Тие имаат две деца – ќерка им Хелен Грејс и син, Елиот.


Администратор
25/10/2021 16:10