Дваесетгодишниот Јаник Синер го победи Диего Шварцман во денешното финале на турнирот во Антверп, Белгија со 2:0, двата сета ги доби со по 6:2.
Италијанецот ја освои својата петта титула во кариерата и четврта сезонава. Во однос на бројот на трофеи во 2021 година, тој се израмни со Новак Ѓоковиќ, Данил Медведев и Александар Зверев. Само Каспер Руд има повеќе титули (5) во 2021 година.
По триумфот во Белгија, Синер ќе напредува на 11. место на АТП ранг-листата.
Италијанскиот тенисер е најмладиот носител на пет титули на АТП од 2007 година наваму. Претходно Ѓоковиќ до својата петта титула дојде кога имаше само 19 години