Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема зборуваше за претстојната церемонија за доделување на Златната топка.

– Ова е она за што сонував уште од детството. Се разбира, сонував за оваа награда кога бев дете. Моите идоли Роналдо и Зидан дојдоа во Реал Мадрид и ја зедоа Златната топка. И тоа е едно од оние мали нешта за кои размислувам. Сега не сум толку далеку од наградата, изјави Бензема во интервју за „Канал +“.

Зидан ја доби Златната топка во 1998 година, кога беше играч на Јувентус, додека Роналдо ја освои наградата двапати – во 1997 година играјќи за Интер, а во 2002 година играјќи за Реал.