Енергетските пијалаци се популарни затоа што, како што се верува – ја зајакнуваат концентрацијата. Сепак, бремените жени и доилките не треба да ги пијат овие напитоци, поради можни негативни последици, пишува „Веривел фемили“ (Verywell Family).

Кај трудницата, плацентата што расте во матката го снабдува бебето со храна и кислород преку папочната врвца. Хранливите материи што ги внесувате – сите „се пренесуваат“ на бебето, вклучувајќи ги и состојките во енергетските пијалоци. Некои истражувања со животни откриваат негативни влијанија по редовното пиење енергетските пијалаци. Имено, кај бремени глувци кои внесувале мали количини енергетски пијалак дневно, било откриено дека новородените глувчиња имале оксидативен стрес, повреди на ткивата, вознемиреност и промени во однесувањето. Заклучокот вели дека ова е сериозен здравствен проблем што заслужува внимание.

Д-р Емили Мичел, нутриционист од Центарот за претпородилна медицина во Лос Анџелес, САД, смета дека енергетските пијалаци не се препорачуваат, пред сѐ, бидејќи содржат високо ниво кофеин.

– Администрацијата за храна и лекови не ги регулира овие пијалаци бидејќи спаѓаат во категоријата додатоци во исхраната. Овие додатоци не се регулирани и може да содржат состојки кои не се наведени на пакувањето. Тие, исто така, може да содржат таурин, карнитин, инозитол, гинко и брадово млеко, за кои не е утврдено дали се безбедни за бремени жени. Женшен – друга состојка којашто често се содржи во овие производи, исто така може да има негативни последици, вели д-р Мичел.

Истражувачите, така, препорачуваат строго воздржување од енергетски напивки во бременоста. Всушност, и на самата етикета обично пишува: Не се препорачува за деца, лица чувствителни на кофеин, бремени жени или доилки.


Администратор
19/10/2021 16:34