Според податоците кои ги соопшти на денешната пресконференција претсседателот на ДИК, Александар Даштевски граѓаните на Град Скопје ќе гласаат во втор круг за независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска и кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов..

– За градоначалник на градот Скопје под број 12 коалицијата Најдоброто за мојата општина предводена од СДСМ има 77.852 гласа и оди во вториот круг со Петре Шилегов. А 82 ГИ, Данела Арсовска со 85.657 гласа оди во вториот круг, соопшти Даштевски.

Според овие податоци, со предност од 7.805 гласа независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска влегува во вториот круг наспроти нејзиниот противник од редовите на СДСМ Петре Шилегов.


Администратор
19/10/2021 00:54