Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Унгарија, генерал-потполковник Ромулус Русин-Сенди, кој престојува во официјална посета на Република Македонија.

Како што се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот, на средбата беше истакнато дека воената соработка меѓу војските на двете држави е позитивен пример за соработка, како полноправни членки на НАТО и се разговараше за нејзино унапредување и продлабочување во иднина.

Пендаровски, заблагодарувајќи се за унгарската поддршка за нашите европски интеграции, како и за поддршката за нашето членство во НАТО, го поздрави унгарското превземање на командата на КФОР и ја изрази нашата подготвеност за соработка, се посочува во соопштението.


Администратор
18/10/2021 15:42