Началникот на Генералштабот (ГШ) на Вооружените сили (ВС) на Унгарија, генерал-потполковник Ромулус Русин-Сенди, кој се наоѓа во дводневна официјална посета на Армијата на Република Македонија, денеска ќе престојува во Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана.

По церемонијата за пречек со воени почести, генералот Сенди ќе оствари средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Тема на официјалните разговори, како што е наведено во соопштението од ГШ на Армијата и Министерството за одбрана, покрај билатералната соработка, ќе бидат и активностите во процесот на трансформација на Армијата, нашиот придонес во мировните операции надвор од земјата и ангажманот во се уште актуелната мигрантска криза и капацитетите и можностите за изведување на вежбовни активности на армискиот полигон „Криволак“.

Началникот на ГШ на ВС на Унгарија, во текот на денот ќе биде примен и од претседателот на Република Македонија и Врховен командант на ВС, Стево Пендаровски, а ќе го посети и Баталјонот за специјални сили во касарната „Илинден“ каде ќе се запознае со дел од активностите на нашата специјална единица.


Администратор
18/10/2021 11:33