Во Општина Велес излезеноста на регистрираните 45 892 гласачи на 82 избирачки места до 15 часот е 15 800 или околу 33 проценти од гласачите, информира за МИА, Андреј Ќамилов претседател на ОИК Велес.

– Изборите досега се одвиваат фер и демократски без никакви инциденти, а надминат е и проблемот со апаратите на читање на палец, што се јави утрово со отворањето на гласачките места, информира Ќамилов.

Тој воедно ги повика регистрираните гласачи кои тоа уште не го сториле до 19 часот до затворањето на гласачките места да го остварат своето право на глас.


Администратор
17/10/2021 17:02