Нашиот политички противник ќе победи во шест општини, ќе добие шест градоначалници, а коалицијата предводена од СДСМ ќе има најмалку 22 градоначалника во првиот круг или 3,5 пати повеќе. Резултатот ќе биде 22:6 во првиот изборен круг. Слушајте ме внимателно, добро сум информиран, рече лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев на вечерашниот митинг во Автокоманда.

Заев истакна дека времето на ВМРО-ДПМНЕ заврши со лавовите, биковите и шмизлите. Ова сега, рече, е време на современи, модерни, европски општини, на развиена, европска држава.

-ГРАДИМЕ ДРЖАВА, ОПШТИНИ, ГО СЛУШАМЕ ГЛАСОТ НА ГРАЃАНИТЕ. НЕ Е НОРМАЛНО ДА ПОСТАВУВАШ ЛАВОВИ, БИКОВИ И ШМИЗЛИ, А ДА ПРОДАВАШ КОНЗЕРВАТИВНИ ВРЕДНОСТИ И НАВОДНА ЧЕСНОСТ ЗАД КОЈА СЕ КРИЈАТ КРИМИНАЛНИ АПЕТИТИ. ДЕНЕС СИТЕ СЕ ОДЛУЧНИ, ВМРО-ДПМНЕ ЗАВРШУВА СО ЛАВОВИТЕ, БИКОВИТЕ И ШМИЗЛИТЕ. ОВА СЕ ВРЕМИЊА НА ВЕДРИ ЛУЃЕ, ДРВЈА И ПАРКОВИ, БЕЗБЕДНИ БУЛЕВАРИ И УЛИЦИ, ДЕТСКИ НАСМЕВКИ ВО СОВРЕМЕНИ ГРАДИНКИ, МОТИВИРАНИ УЧЕНИЦИ ВО СОВРЕМЕНИ ШКОЛИ, ОВА СЕ ВРЕМИЊА НА АВТЕНТИЧНА УРБАНА КУЛТУРА И НА ЕВРОПСКИ ОПШТИНИ, ПОДВЛЕЧЕ ЗАЕВ.

Осврнувајќи се на Гази Баба, Заев рече дека оваа општина е влезот на Скопје, првиот впечаток на патниците и туристите, а Автокоманда е една од најблиските до центарот на главниот град.

-БОРЧЕ ГИ ПОЧНА ПРОМЕНИТЕ, СРАБОТИ ДОБРО И СЕКОЈ ДЕН НОСИ СЕ ПОДОБРО ЗА ОПШТИНАТА И ГРАЃАНИТЕ. ГИ ЗАСУКА РАКАВИТЕ КОГА ТРЕБАШЕ ВО СТАЈКОВЦИ, НОСЕШЕ КОФИ, ИЗНЕСУВАШЕ СМЕТ, КАЛ ЗАШТО ЗА НАС ДОВЕРБАТА НА ГРАЃАНИТЕ Е ЧЕСТ, ИСТАКНА ЛИДЕРОТ НА СДСМ.

Тој ги наброи реализираните проекти, но потсети и што направи актуелната власт во изминатите три години. Повтори дека наследија задолжени општини и дека помогнаа во нивното раздолжување.

-ОД КАДЕ ПАРИ? НЕМА НЕПРОДУКТИВНИ ТРОШЕЊА И КРИМИНАЛИ, ЗАТОА Е НОРМАЛНО ДА ОСТАНУВААТ ПАРИ ВО БУЏЕТОТ СО КОИ ГРАДИМЕ УЧИЛИШТА, ГРАДИНКИ, ВОДОВОДИ, КАНАЛИЗАЦИИ, ПТИШТА, БУЛЕВАРИ,…НАД 7.000 ПРОЕКТИ НА ЛОКАЛНО НИВО. ОВА ВМРО-ДПМНЕ НИ НА СОН НЕ МОЖЕ ДА ГО КАЖЕ, А НЕ ПА ДА ГО НАПРАВИ, РЕЧЕ ЗАЕВ И НАЈАВИ НИЗА ПРОЕКТИ, МЕЃУ КОИ НОВА ЗГРАДА ВО ОУ „КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ“, НОВИ ГРАДИНКИ, РЕКОСНТРУКЦИЈА НА ДОМОТ НА КУЛТУРАТА ВО ЧЕНТО И КОЛНОНИЈА, РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО ВАРДАРИШТЕ, ИСТАКНА ЗАЕВ И ГИ ПОВИКА ГРАЃАНИТЕ НА 17 ОКТОМВРИ МАСОВНО ДА ИЗЛЕЗАТ НА ГЛАСАЊЕ.

Пред него се обратија градоналаниците на Скопје и на Гази Баба, Петре Шилегов и Борис Георгиевски.


Администратор
14/10/2021 01:16