„Од власта немаат ниту план, ниту програма. Направиле флаери каде ги нудат истите ветувања пред 4 години и мислат дека народот пак ќе го прелажат. Но, на овие избори и покрај сите притисоци и закани за кои слушнав дека се присутни и овде во Крива Паланка, и покрај бруталниот поткуп сите анкети и бројки покажуваат дека СДСМ убедливо ќе ги загуби изборите. Тоа го знае и Заев, го знаат и тие околу него. Затоа единственото нешто што им преостана е поткупот. Поткупот кој го прават со црни пари, крадени пари од народот, но и до државните пари со кои треба да располагаме сите ние. Пред некој ден објавивме видео снимка каде носат црни вреќи во Битола. Вадат од брендираниот автомобил каде пишува најдоброто за вашата општина мислат дека ќе ги поделат тие пари и дека народот ќе им прости“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Крива Паланка.

Мицкоски посочи дека тоа се крадените пари на Заев, а еве што прават со државните пари. Денес спротивно на Законот, на седница на Влада Заев доделува државна помош на 160 компании, внимателно одбрани, претежно блиски до власта, на кои ќе им истури неколку десетици милиони евра на само 4 дена пред избори мислејќи дека овие сопственици на компаниите ќе ги земат овие пари и ќе ги убедат вработените и нивните семејства да гласаат за Љупчо Николовски, Зоран Заев и СДСМ.

„И вистинското прашање е зошто Заев поткупува на 4 дена пред изборите, вистинскиот одговор на ова е, затоа што се уплашени, затоа што ако навистина веруваат тоа што го кажуваат дека се најдобри и дека ќе ги победат изборите не им треба поткуп, ама знаат дека на народот му е преку глава од овие криминалци и измамници, укажа Мицкоски

Мицкоски истакна дека од власта затоа влечат очајнички потези во страв и паника од поразот да тргуваат со човечкото достоинство на народот.


Администратор
14/10/2021 00:40