Македонската женска ракометна репрезентација синоќа во Никшиќ загуби од Црна Гора со 31:30 (полувреме 16:16) во меч од второто коло на ЕХФ Евро купот.

Домаќинките иако важеа за големи фаворитки, до победата дојдоа многу потешко од очекувањата и со многу поголем напор отколку на дуелот во Скопје (29:21) одигран пред три дена.

Црногорките во средината на второто полувреме со серија од 6:0 резултатски се одлепија и поведоа со 27:21, во финишот имаа водство и од 31:27, доволно за конечен триумф.

Поранешната вардарка, Јованка Радичевиќ ја предводеше Црна Гора со девет погодоци, во македонскиот состав најефикасна беше Ангела Јанкуловска со седум голови.

На вториот натпревар од ова коло, Норвешка во Љубљана ја победи Словенија со 26:21.

Еврокупот е натпреварување во кое настапуваат трите домаќини на Европското првенство кое ќе се игра во ноември 2022 година и Норвешка како континентален првак.


Администратор
11/10/2021 10:37