Сезонските билети за натпреварите кои на домашен терен во Лига Европа ќе ги игра македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Пелистер од утре ќе бидат пуштени во продажба, соопшти попладнево битолскиот клуб.

Влезниците за петте домашни натпревари против екипите на Ним, Татабања, Спортинг Лисабон, Шафхаузен и АЕК, ќе се продаваат во период од седум денови по цена од 1000 денари.

Првиот натпревар пред своите гледачи ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе го одиграат на 19 овој месец против француски Ним.

Поединечните билети за натпреварот Еурофарм Пелистер – Ним ќе бидат пуштени во продажба следниот.

Распоред на домашните натпревари на Еурофарм Пелистер во Лига Европа за сезоната 2021/22

19.10.2021 – Еурофарм Пелистер – Ним

23.11.2021 – Еурофарм Пелистер – Татабања

07.12.2021 – Еурофарм Пелистер – Спортинг Лисабон

22.02.2022 – Еурофарм Пелистер – Кадетен Шафхаузен

08.03.2022 – Еурофарм Пелистер – АЕК Атина.


Администратор
09/10/2021 01:13